Дали Чаир бара јунак за да ја урне дивоградбата кај Мавровка молејќи се да не најде?

Општина Чаир допрва ќе бара правни механизми во врска со дивоградбата кај Mавровка. Ова е последната информација за Алфа од општината откако пропадна и вториот  тендер на општина Чаир за уривање на дивоградбата. Во рокот од 8 работни денови колку што имаа градежните фирми да се пријават, ниту една не аплицирала па Комисијата вклучувајќи ги и општинските градежни инспектори ќе разгледуваат како законски да го решат проблемот.

Јавноста врие а првиот виновник за минувачите пред безправно изградениот објект е градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Инвеститорот пак кој се дрзна да гради пред Мавровка, за институциите и понатаму е непознат..

Алфа уште на почетокот на јули, кога и го отвори прашањето што всушност се гради на местото на старото кафуле „Фонтана“ и излезе на терен, го сретнавме сопственикот на просторот односно како што потврди и самиот инвеститорот кој гради.Мевљудин Алити,  како што ни се претстави, рече дека се прави според дозволата од општина Чаир, а и општинските инспектори го потврдија истото.  Но, повеќе од месец и половина од кога го објавивме идентитетот на инвеститорот, досега никој не демантираше.

 Подоцна општина Чаир, веќе кренатиот објект го прогласи за дивоградба и почна потрага во весници по инвеститорот. И полицијата бара кој градел ама сеуште без резултати. Скопското обвинителство пак почна претистрага против непознат сторител.  

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста