Дали аптеките ќе ги идентификуваат граѓаните или само ќе ги верифицираат податоците од одредена база?

Проектот лек на рецепт со лична карта уште на стартот на неговата реализација наиде на многубројни проблеми. Само еден од нив се скенерите на лични карти што во следните неколку месеци, според најавите на ФЗО, ќе ги има во секоја аптека која соработува со Фондот.

Останува неодговорено прашањето дали аптеките ќе ги идентификуваат граѓаните или само ќе ги верифицираат податоците од одредена база.

На оваа тема во вестите на Алфа, поразговаравме со Лилјана Пецова Илеска, Програмски директор за приватност и интернет од „ИМПЕТУС“-Центар за интернет, развој и добро управување.