Дали Али Пашината џамија ги спои поглаварот на ИВЗ и охридскиот муфтија?

За охридското муфтивство, единствен поглавар на Исламската верска заедница е Сулејман Реџепи.

– Ние ќе одиме со успесите на чело со духовниот лидер на оваа институција Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, така како што имаме курански и пророчки проповеди – стои во објавата на официјалната фејсбук страна на Муфтивството во Охрид. Пишува и дека ги осудуваат сите оние кои ги ставиле своите раце врз ИВЗ со цел да ја уништат и бараат, како што стои – веднаш да престанат игрите на поединци околу Исламската верска заедница.

За веродостојноста на на оваа информација, побаравме став и од охридскиот муфтија Самет Хајдари кој телефонски кажа дека за нив единствен легитимен поглавар е Сулејман Реџепи. Го прашавме дали ваквиот став е поврзан се поддршката која ја добија од Реџепи за изградба на 32 метарското мианре во Охрид, но не сакаше да коментира.

Сулејман Реџепи кој неодамна изјави дека реставрацијата на Али Пашината џамија во Охрид и изградбата на 32-метарското минаре за Исламската верска заедница е завршена работа, по обидот да биде сменет од функцијата поглавар јавно порача никој да не се чепка за Али пашината џамија, оти тоа ќеја прелее чашата. Според него,политиката е таа која засадува омраза меѓу верските заедници.

На ова, преку фејсбук се огласија и од Совест:
-Зарем политиката не е единствена која со своето неделување, пречутно подржи градење на вашата дивоградба од 32 метари со кое преку верските, сакате да ги аминувате и вашите по се изгледа дебели коруптивни интереси. Нема да дозволиме провокацијата со Алипашината џамија и омразата кон македонскиот народ кој на големо го промовирате – порачаа од Совест.

Изградбата на 32 метарското минаре на Али пашината џамија во Охрид ги влошува меѓуетничките односи. Верската нетрпеливост која е изразена на социјалните мрежи лесно може да се прелее и на улица.

На социјалните мрежи врие, граѓаните повикуваат на масовни протести.

Росица Голабоска