ДАЛАС СТАРС ВО ФИНАЛЕТО НА НХЛ, ПРВ ПАТ ПО ДВЕ ДЕЦЕНИИ

Хокеарите на Далас Старс ја добија Западната финална серија против Вегас Голден најтс со 4-1 во победи и за прв пат по пауза од 20 години ќе се борат за титулата во Стенли Купот. Херој за „Ѕвездите“ беше дебитантот Денис Гурјанов со златен погодок во продолжението откако регуларниот дел заврши 2-2. Грујанов е само петтиот „руки“ во историјата на НХЛ лигата со победнички плејоф гол во дополнителното време. За Далас ова ќе биде петто финале, и борба за втор пехар. За противник го чекаат подобриот меѓу Тампа и Њујорк, фаворит е Тампа која води со 3-1 во финалето на Исток.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста