Далас изедначи против Клиперс (2-2), победничка тројка на Дончиќ со звукот на сирената

Далас изедначи на 2-2 во победи против ЛА Клиперс, а иако до последен миг беше неизвесен за настап, сепак Лука Дончиќ зад себе остави неверојатна вечер. Маверикс имаа само 3,7 секунди до крајот од продолжението, а Словенецот успеа да изгради позиција и погоди тројка со звукот на сирената за 135-133. И во отсуство на Порзингис, Дончиќ заврши со 43 поени, 17 скока и 13 асистенции, па не случајно е само вториот најмлад играч во историјата на НБА по Меџик Џонсон, со троен учинок во два последнователни плејоф меча.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста