Далас изедначи против Клиперс (1-1), Дончиќ урна рекорд на легендарниот Џабар

Далас изедначи на 1-1 во плејоф серијата против ЛА Клиперс. Вториот меѓусебен меч го добија со 127:114, а на истиот Лука Дончиќ испиша нов рекорд во низа. Словенецот иако предвреме го заврши мечот по петатта лична грешка во последниот квартал, сепак уфрли 28 поени, доволно за да го мине легендарниот Џабар на вечната листа со најмногу поени по првите два плејоф меча, 70. Кај Клиперси одново брилираше Каваи Ленард со 35 коша и 10 скока, но сега без победнички ефект. Од синоќешната програма ново изненадување приреди Јута совладувајќи го Денвер, по втор пат, сега со 124-105. Дупла предност оствари и шампионот Торонто против Бруклин 104-99, како и Бостон против Филаделфија 128-101.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста