Дадовме се што можеме да дадеме, добивме НИШТО: Европскиот оптимизам стана песимизам и затворен прозорец

Да живее Република Северна Македонија, зборовите на Заев при промената на името на Македонија.

-Одличен мегдан е нашиот историски заеднички јунак Гоце Делчев, велеше Заев.

Бадијала сите отстапки и виткања на кичмата, европскиот оптимизам кој ја красеше власта во Македонија, почна да го снемува и од нивните усти. Новата реалност се затворени прозорци после јуни, кога се очекува уште една европска блокада од Бугарија, барем ако ги слушаме зборовите на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Сметам дека нема доволно енергија и капитал оваа Влада да се посвети на една тема, откако ќе се затвори овој прозоцер на можности, ќе мора да се свртиме на внатрешните прашања во државата. Што тоа значи, ќе треба нормално Европската унија да одлучи што понатаму. Но, топката веќе не е во нашиот двор, топката е веќе во Софија, затоа што ние направивме се што можевме да се направи како еден конструктивен партнер во овие преговори, изјави Османи на одбележувањето од 100 дена Влада.

А токму тој бликаше од оптимизам пред неколку месеци, кога според Османи договор со Бугарија беше извесен уште на стартот на годинава.

-Јас прифаќам само еден аргумент зошто досега не беше најдено решение, бидејќи немаше политички кабинет. Сега навистина нема причина да се даваат долги рокови, кога има политички кабинет. Има стабилно мнозинство во Република Бугарија и во Република С.Македонија и можеме да седнеме уште од утре, да ги продолжиме разговорите и уште во јануари да има решение, изјави во декември Османи за бугарската Нова ТВ.

А за напредокот кон Европската Унија, кој сепак за жал го нема, дури прифативме и нова реалност.

-Новите генерации не ја знаат целата оваа реалност која што треба да не сплотува. Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, велеше Заев.

А датумот сепак Македонија го имаше добиено, барем ако можеме да му веруваме на поранешниот премиер.

-Прво во Шуто Оризари сакам да ја споделам убавата вест. Пред неколку часа се вратив од Берлин. Нашата заедничка земја конечно отвора поглавја, почнува да преговара, велеше Заев.

За разлика од Македонија која и покрај сите отстапки останува со празни раце, статус на кандидат за членство во ЕУ по итна постапка ќе добие Украина. Ова го тврди нивната вицепремиерка Олга Стефанишина.

-Да живее Република Северна Македонија, порача Заев.

-Одличен мегдан е нашиот историски заеднички јунак Гоце Делчев, изјави Заев.

Бадијала сите отстапки и виткања на кичмата, европскиот оптимизам кој ја красеше власта во Македонија, почна да го снемува и од нивните усти. Новата реалност се затворени прозорци после јуни, кога се очекува уште една европска блокада од Бугарија, барем ако ги слушаме зборовите на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Сметам дека нема доволно енергија и капитал оваа Влада да се посвети на една тема, откако ќе се затвори овој прозоцер на можности, ќе мора да се свртиме на внатрешните прашања во државата. Што тоа значи, ќе треба нормално Европската унија да одлучи што понатаму. Но, топката веќе не е во нашиот двор, топката е веќе во Софија, затоа што ние направивме се што можевме да се направи како еден конструктивен партнер во овие преговори, изјави Османи.

А токму тој бликаше од оптимизам пред неколку месеци, кога според Османи договор со Бугарија беше извесен уште на стартот на годинава.

-Јас прифаќам само еден аргумент зошто досега не беше најдено решение, бидејќи немаше политички кабинет. Сега навистина нема причина да се даваат долги рокови, кога има политички кабинет. Има стабилно мнозинство во Република Бугарија и во Република С.Македонија и можеме да седнеме уште од утре, да ги продолжиме разговорите и уште во јануари да има решение, нагласи Османи за бугарската Нова ТВ во декември 20201-ва година.

А за напредокот кон Европската Унија, кој сепак за жал го нема, дури прифативме и нова реалност.

-Новите генерации не ја знаат целата оваа реалност која што треба да не сплотува. Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, велеше Заев.

А датумот сепак Македонија го имаше добиено, барем ако можеме да му веруваме на поранешниот премиер.

-Прво во Шуто Оризари сакам да ја споделам убавата вест. Пред неколку часа се вратив од Берлин. Нашата заедничка земја конечно отвора поглавја, почнува да преговара, велеше Заев.

За разлика од Македонија која и покрај сите отстапки останува со празни раце, статус на кандидат за членство во ЕУ по итна постапка ќе добие Украина. Ова го тврди нивната вицепремиерка Олга Стефанишина.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста