Да и помогнеме на 15 годишната Сара од Охрид

Преку ноќ се промени животот на убавото девојче 15 годишната Сара Настеска од Охрид која решетилено зачекори, подготвена средношколските денови да ги минува надградувајќи се, со надеж дека во светот на возрасните еден ден ќе зачекори како лекар.

Ова кротко,добродушно и насмеано девојче веќе два месеци се бори со многу ретка болест Anemia Aplastica и таа мора итно да замине на операција. Вниманието на нејзините родители е целосно насочено час поскоро да се соберат потребните пари за лекувањето на Сара. Охриѓани од срце одделуваат онолку колку што можат,и не сакаат да веруваат дека хуманитарните акции се единствениот начин да се соберат над 200.000 евра колку што се потребни за лекувањето на Сара.На родителите велат мора да им се помогне, ова се многу пари.

Анкета: 1.Треба ама кој има,кој нема, за такви деца треба; 2.Сто посто треба за такви деца помош.И државата треба ама и ние како граѓани треба да помогнеме ; 3. Секако мора и државата да има посебни фондови со кои што треба да помогне на вакви деца секако дека треба да им се помогне ; 4.За големи сретства кој колку може, може да даде 100 денари некој помалку некој повеќе.Ние не сме од тие генерации, ние сме посиромашни; 5.Треба да има посебен фонд,ако испадне вака преку медиумите ќе донираат ако не испадне никому ништо,  никој нема да донира ништо,детето ќе биде заборавено и никому ништо, тоа ти е.

-Се работи за болест која ја напаѓа коскената срж, и трансплантацијата е едниствениот спас за Сара-раскажува нејзиниот татко Горан кој храбро,но со грч на лицето вели дека болеста ја откриле сосем случајно,при лабараториска анализа на крвата.Болеста е утврдена на почетокот на месец август, а дијагнозата е потврдена со итна биопсија која е направена во Скопје. Сара знае се’ за болеста Родителите сакаат девојчето да се лекува во специјализирана клиника во Германија.Градот се дигна на на нозе,Сара мора здрава да се врати во училишните клупи.

– Оваа потреба што ја има Сара е многу големи.Секои 50 ,100 денари значат за нема,за нас можеби како единки не значат многу но ова е само почеток.Нема да застанеме секој во своите можности не само во спортот, секој колку може нема донира бидејќи животот на едно дете нема цена.-Изјава Михил Постолоски-спортски работник.

Хуманите граѓани треба да бидат внимателни бидејќи на социјалните мрежи се креираат лажни профили за болното девојче и се профитира од маркетинг активностите кои го превземаат.Постојанио се прават профили за деца на кои им е потреба финансиска помош за лекување.

Росица Голабоска