Д-р Спировски за Алфа: Има начини респираторите да се избегнат, пацинетите да не дојдат до интубација

Дали пациентите болни од Ковид 19 се ставаат предоцна на респиратори? За оваа дилема за Алфа отворено проговори проф. Д-р Зоран Спировски. Според него, тврдењата на надлежните дека секаде во светот над 90 отсто од луѓето на респиратор ја губат битката со Ковид 19, не се точни.

Не сум сигурен колку навремено се поставуваат пацинетите на респиратори, но би сакал да поставам едно прашање дали и колку од нашите пацинети кои биле поставени на респираторна машина дошле во ситуација да бидат извадени од респиратори и колку од нив успеале понатаму да стигнат до крај на тешкиот процес на излекување.  – вели за Алфа, професор д-р Зоран Спировски од Клиниката за торакална хирургија.

Според Спировски, постојат методи за да се избегне состојбата пациентот да биде ставен на респиратор.

Физикална терапија терапија пред се, забрзување на процесот на искашлување на тој густ секрет,  употреба на специјални неинвазивни апаратчиња за дишење кој под притисок кој на болниот му даваат кислород , со единствена цел максимално се одложи или се избегне  поставување на респиратор кај пацинетите. открива Спировски.

Спировски тврди дека е потребен поголем медицински кадар кој знае да работи со респираторите но и нивно доедуцирање за истото.

Состојбите какви што се сега, и потребата од повеќе стручни лица што знаат како со респираторните машините, го поставува прашањето, односно проблемот за доедукација на кадар помлади лекари кои се помалку искусни да се благовремено едуцираатсмета професор д-р Спировски.

И покрај тоа што лекарите велат едно, министерот Филипче друго. За јавноста и понатаму останува нејасно, зошто умираат речиси сите пацинети што завршиле на респиратор – меѓу нив, и млади луѓе кои немаат други хронични болести. – Министерот секогаш без конкретен одговор, тој само се повикува на светските искуства  дека над 90 проценти од пацинетите на респиратор, ја губат битката.

 

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста