Д-р Софијанова: И децата треба да се вакцинираат, „Фајзер“ е безбедна вакцина и за помладите

И Македонија сака да го следи примерот на САД и Канада каде веќе се вакцинираат децата и младите од 12 до 16 години. Но, дали оваа возрасна група воопшто треба да се вакцинира? Според педијатрите тоа е добар чекор, за што поскоро се ослободиме од опасниот вирус.

“Да не дојде до одредени мутации тие се тие од кои понатаму ќе стравуваме да не предизвикаме она коешто ни се случи изминатиот период. И на кој навистина бевме сведоци на многу непријатни ситуации кој не верувам дека ќе сакаме да ни се повторат,така да сигурноста и дефинитивно она што ќе го искорени е вакцинирањето.Покрај тоа што децата се последни во случајот за вакцинирање сепак да не бидат изземени бидејќи тие како носители на одредена варијација може да направат буквално нова мутација која не верувам дека ќе не чини пак лесно.” вели д-р Аспазија Софијанова – педијатар и директор на Клиниката за детски болести.

Зошто токму вакцините на „Фајзер“ се препорачуваат за помладите педијатрите велат:

“Се утврди дека “Фајзер” дека сепак покажува доста јак имунитет кој му е потребен особено за создавање на овој колективен имунитет кој ќе не заштити сите и затоа препораките одат кон тоа да без разлика од која држава доаѓа квалитетот на вакцината е повеќе или помалку. Eве токму оваа Фајзер ќе биде доволно добра за да го спречи создавањето на мутации. Бидејќи создава т.н селективен имунитет кон конкретниот проблем КОВИД 19 и заради тоа е препорачана и кај децата и не предизвикува никакви нус-реакции.” вели д-р Софијанова.

Интересот кај родителите да ги имунизираат децата е изненадувачки голем вели д-р Софијанова. Таа смета дека вакцините кај помладите се особено важни и не смеат да бидат исклучени од процесот на имунизација.

“Јас морам да ви кажам дека во последниот период сум многу зачудена колку ме прашуваат и сакаат да знаат и сметам дека се должни да знаат што е најдоброто за нивните деца. Сигурна сум дека ќе се раководиме според искуствата на нашите колеги кои имаат одредено знаење во врска со тоа…и одредени студии кои укажуваат дека сепак на крајот на денот не смееме да ги  миноризираме оваа адолесцентна категорија” – вели директорката на Клиниката за детски болести.

Македонија во моментот има недостиг на вакцини. Дали и на кој начин ќе се обезбедат доволен број на дози од производителот Фајзер наменети за помладите здравствените власти засега немаат план. Анализата дали ќе се вакцинираат децата од 12 до 16 години ќе се прави следните месеци.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста