Д-р Пановски: Во Македонија има пет пати поголема смртност од коронавирус од просекот во светот

Македонија има пет пати поголема смртност од ковид-19 од просекот во светот, алармира професорот Никола Пановски за Алфа.

Јас направив пресметка дека Северна и Јужна Америка и Европа имаат 1060 смртни случаи на милион, останатиот свет има 88 и тоа Азија и Африка и Австралија само 35. Македонија има пет пати поголема смртност од просекот во светот...” – вели професорот Никола Пановски за Алфа.

Пановски вели неопходни се што поскоро поголем број на вакцини, за да се спасат повеќе животи.

„Фактите се тие, со вакцините доцниме и дека имаме трет бран и по тоа се гледа дека беше неопходно за вакцините да стигнат што поскоро.“вели Пановски.

Освен смртноста што е загрижувачка и високиот степен на преносливост на вирусот, особено од британската мутација на ковид треба многу да не плаши предупредува професорот Пановски, според него од нов бран треба да се плашиме ама за да поминеме полесно треба да се сменат препораките и мерките.

„Погумно е да уште еднаш се каже останете дома.Надвор на отворено со заштита, по ливади без маска, проветрување по секоја цена секаде.Ова е претерано кога гледаме дека нема место во ресторан, би забранил седење внатре..од денеска е топло времето гостите можат да седат надвор на отворено. “ – изјави Пановски.

Професорот ја критикува и Комисијата за заразни болести, која според него требаше да носи здравствени одлуки и предлози а не да размислува политички.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста