Д-р Нелоска за Алфа: Цело здравство е ставено во „ковид војна“, здравствениот систем е на чекор до колапс

Цело здравство е ставено во „војна“ со Ковид-19. Здравствениот систем е „исцрпен“, денови се во прашање кога целосно ќе колабира. Лошата стратегија  ја прави уште по алармантната состојбата во Македонија и не дава надеж дека нешто добро ќе се случува во следните месеци вели за Алфа д-р Ленче Нелоска – експерт по јавно здравје. Како главен проблем таа го посочува недостигот на протоколи.

“Она што е најстрашното во целата ситуација е целосното отсуство од протоколите. Цело време се зборува дека има протоколи а нема. Колегите работат со странски протоколи…преведуваат и помагаат. Постојат само неформални протоколи. Луѓето мислат дека на еден начин се лекува во јавното здравје, а друг начин во приватно здравство сетоа тоа носи до поголем хаос.” – изјави Ленче Нелоска – експерт по јавно здравје.

Болниците се преполни, медицинскиот персонал уморен. Според Д-р Нелоска во ковид борбата, треба итно да се активираат стручните лица од медицинските факултети.

“Има разлика од еден до друг болнички кревет.Европа зборува за број на кревети на интензивна. Ние цело време зборуваме дека се отвораат капацитети на Кожно, Нефрлофија на Нервно, колку од тие се за интенизвна нега и колку тие што рработат таму се обучени?.Луѓето кои работат о ковид центрите се преморени со месеци а сега, останатите се фрлени во оган каде што брзо ќе прегорат.И не знам што ќе остане од здравствениот систем понатаму.” – изјави д-р Нелоска, експерт по јавно здравје.

Д-р Нелоска вели дека посериозно треба да се сфати начинот и брзината на тетсирање.

“Тој што е најверојатно болен да чека една недела за тетсирање,па уште една недела за решение да му стигне па за тоа време или ќе оздраве или ќе умре.Затоа треба побрзо да се тестира.” – вели д-р Нелоска.

Инаку, во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 41 нови пациенти. 438 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во текот на утрешниот ден ќе се отвори за прием и ковид центарот на Клиниката за очни болести.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста