Д-р Мехмедовиќ: Неопходни се ефективни мерки за празниците за да не се случи нов посилен ковид бран

Дали по празниците ковид бројките ќе бидат полоши? Апели,  дека мора нешто да се преземе, за да не се доведеме во ситуација „да се држиме за глава“ од статистиките. Доктор Злате Мехмедовиќ алармира дека неопходни се ефективни мерки, по примерот на развиените земји. Во спротивно не се исклучува можноста од нов силен постпразничен ковид бран.

“Неколку пати ја споменав апеликацијата која што беше користена од Кина, такви слични апликации беа користени и во Сингапур а таму има значително намалување на бројот на заразени со ковид19.Истото се случува и во Вухан, Кина и во целиот регион на Кина, така да, ако применевме нешто од тие иновативни методи сепак, ќе останевме на граница помеѓу ограничувања во движењето од друга страна слободно на движење со помош на точно определување на ризичните групи. „ – изјави за Алфа д-р Злате Мехмедовиќ – специјалист по трудова медицина.

Особено загрижува и што  се повеќе млади луѓе ја губат битката со ковид 19. За само четири дена пет пацинти на возраст од 22 до 40 години починаа како последица од коронавирусот. Основната причина за зголемената смртност кај помладата популација, според д-р Мехмедовиќ е брзото ширење на вирусот и неговата лесна трансмисија.

“Доколку во минатото имавме мал број на починати, каде што дневно беше едноцифрен па не можевме да сретнеме ни некој од помладата генерација како фигурира помеѓу бројката на починати. Денеска имаме ситуација каде што поради зголемениот број на новонфицирани со ковид 19 имаме и зголемен број на починати од помладите. „ – вели д-р Мехмедовиќ ,специјалист по трудова медицина.  

Ниту еден здравствен систем не може да се носи со постојан наплив на пациенти бесконечно, вели д-р Мехмедовиќ. Според него контролата “лежи” во превенцијата.

“Има вистина во тоа дека здравствениот систем е оптеретен. Не е ангажиран само клиничкиот дел. Практично сите се ангажирани, односно сите сегменти од здравствениот систем. Во наредниот период ќе бидеме сведоци дека и превентивниот дел од здравствениот систем ќе биде ангажиран во имплементација на вакцинацијата.Да дојдете до доктор денеска ако е тешко на клиничко ниво и на секундарно ниво до специјалист верувам дека до вашиот матичен лекар не е тешко да дојдете.”- објаснува д-р Мехмедовиќ.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 813 пациенти позитивни на корона. Само во изминатото деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 38 нови пациенти.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста