Д-р Мехмедовиќ: Бројот на заразени со ковид-19 и преполните болници се аларм дека се потребни построги рестрикции

Вакцини нема, а британската мутација пустоши во земјава. До кога ќе се чека за воведување на дополнителни рестриктивни мерки?  Комисијата за заразни болести побарала уште неколку дена за да ги анализираат бројките на новозаразени и хоспитализирани пред да дадат било каква дополнителна препорака. Но колку ќе не чини чекањето? Според докторите – многу. Д-р Злате Мехмедовиќ вели не е време за чекање,а јасен сигнал за построги мерки и итно масовно вакцинирање се високите бројки на заразени и полните болници.

“Изгледа треба посериозно да работиме на примената на превентивните мерки со цел да можеме да ја намалиме трансимисјата на вирусот. На сите полиња сме некако на погрешна нога застанати и доколку набрзо не промени нешто околу пристапот на третирањето на оваа пандемија мислам дека ќе имаме навистина сериозни проблеми. Превентивните мерки се мерките коишто треба динамично да се носат и тие мерки се носат пред се проади тоа што немате поинаков начин да ја моделирате оваа пандемија и да го движите текот на пандемијата. Не може да донесете превентивни мерки  а притоа истите да не ги следите.” –вели д-р Злате Мехмедовиќ, специјалист по трудова медицина.

Според д-р Мехмедовиќ сите вакцини се безбедни вклучувајќи ја и онаа на Астра Зенека – затоа е важно што поскоро да ги имаме. Но и кога Македонија ќе ја започне масовната имунизација важно е вели тој, да не се реалксираат мерките.

Релаксирањето на мерките дури и во процес на масовна вакцинација ќе ви ги овозможат платоирањето на кривата, односно невозможноста да продолжите во успехот на намалување на бројката на новозаболени. изјави д-р Мехмедовиќ.

Здравствените власти се уште не знаат кога ќе започне масовното имунизирање ниту пак со која вакцина. Како опции се дозите кинески Синофарм, и на АстраЗенека кои ќе ги добиеме преку КОВАКС механизмот.На вакцините на Фајзер ќе почнеме да се надеваме кога ќе го добиеме договорот кои се уште не е финализиран.

И додека ги чекаме вакцините и мерките, земјите од регонот иако имаат многу повеќе вакцини од нас, сепак се држат до строгите рестрикции.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста