Д-р Лазаров за Алфа: Во април не очекува уште полошо ковид сценарио

Од лошото има и полошо. Во април не очекува уште поопасно ковид сценарио и од она што го имавме во ноември алармира доктор Ненад Лазаров за Алфа.

“Во април не очекува уште поголем наплив и доколку веднаш не преземеме драстични мерки ние треба да очекуваме можеби и уште наредна недела 1500 – 1600 нови случаи на ден. И таа бројка се очекува да расте и понатака..и од тука произлегува дека и бројот на хоспитализирани ќе расте. Огромен е и напливот на пацинети со лесни или евентуално средно-тешки симптоми ние на примарно ниво се трудиме да ги менаџираме. Навистина ова е неиздрживо како физички така и психички.” – вели д-р Ненад Лазаров.

На терен состојбата е катастрофална вели д-р Лазаров. Тој и неговиот лекарски тим секојдневно се соочуваат со судбините на ковид позитивните пацинети кои голем дел се приморани да се лекугваат дома, бидејќи не можат да дојдат до слободен кревет во ковид центрите.

“Луѓе поминуваат и по неколку денови по ковид центрите, сами си бараат кревети оти никаде нема кревет слободен.А излегуваат на пресови надлежните и кажуваат бројки што се нереални каде се тие кревети?Имаме секојдневно случаи каде што имаме потреба од хоспитализација а пацинетите чекаат.” – изјави Лазаров.

За да се ивлечеме од оваа страшна состојба итно се потребни и поагресивни мерки и подобро менаџирање на здравствениот систем предупредува д-р Лазаров.

“Ние од самиот старт на пандемијата касниме со мерките.Тие се веќе застарени во моментот кога ги донесуваат зошто го тврдам тоа – затоа што образложенијата се дека се чекаат бројките, тоа не превенција кога чекаш да видиш дали имаш зголемување.Полицискиот час е нонсенс од повеќе причини, главната е што никој не го чувствува тој полициски час.Треба поагресивни мерки.” – кажа докторот.

Нови рестриктивни мерки бара и Лекарската комора.Брзиот раст на бројот на заболени, но и исто толку брзото пополнување на болничките капацитети, се причината лекарите преку Комората да побараат од Комисијата за заразни болести сериозно да ја разгледа можноста за нови рестрикции.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста