Д-р Лазаров: Нонсенс е во денови кога се очекуваат масовни собирања да нема полициски час

Угостителските објекти повторно отворени, но работат само летните тераси. И полицискиот час се крати, наместо од 20 ќе почнува од 21 часот и ќе трае до 5 часот наутро. За празничните викенди нема да важи. Граѓаните слободно ќе може да се движат вечерта за Велигден меѓу 1-ви, и 2-ри мај и за Рамазан Бајрам, меѓу 13-ти, и 14-ти. Што ќе донесе олабавувањето на мерките ? Дали празнувањето за време на продолжениот викенд може да ги зголеми повторно бројките?  Докторите стравуваат од постпразничната состојба. Според д-р Ненад Лазаров опуштањето на рестрикциите во овој момент е многу нелогично.

Мислам дека е нонсенс во деновите каде што очекуваме пик на масовни собирања да нема полициски час.Еве пластично преку пример, сите што сме растеле во Скопје  традиционално околу соборен храм се собираат за Велгиден.И традиционално има некој алкохол со луѓето бидејќи досте голем број од нив постеле подолго време и што ќе се случи по полноќ кога ќе биде главната ситуација. Како планира оваа држава да ги прибере тие луѓе после полноќ, кога нема полициски час и има масовно алкохолизирање.Така што нема шанси ова прекинување на полицискиот час да не продуцира нови случаи.” – вели д-р Ненад Лазаров.

Лекарската фела алармира дека во најмала рака до средина на мај требало да  бидат продолжени истите мерки, со исклучок на работата на угостителите на летните тераси.

 “Мислам дека требаше да се продолжи полицискиот час, а да се отворат угостителки објекти. Ние очекуваме половина Скопје и пола Македонија во Охрид да заминат.Како градот со тие ресурси со кои што располага ќе успее да воспостави ред и поредок да нема масовни собирања не ми е јасно, и пак ќе кажам ако има капацитет градот од десет илјади 45 луѓе очекуваме да има.Го видовме истото сценарио лани летото, и многу е симтоматично цело време се зборува дека имаме препораки од Комисијата за заразни болести а секогаш мерките што ќе ги донесе комисијата министерот ги кажува или ден или часови однапред.”

Доктор Лазаров повикувајќи се на свои извори посочува дека членовите на Комисијата за заразни болести многу ретко се состануваат, но и дека проблем е мнозинството, па прашува како всушност се носат одлуките?

Ања Василева