Д-р Кунгуловски за Алфа: Верувам дека и Македонија може да произведува анти-ковид вакцини

Србија доволно ни помогна со вакцините, сега е вистински момент Македонија сама да се избори за да не зависи од други држави смета д-р Горан Кунгуловски. Тој вели дека започнувањето со производство на “Спутник” во  Србија е големо достигнување но и голем бенефит за земјите од регионот.

“Јас би сакал и во Македонија да се отворат такви капацитети. Верувам дека во Македонија има луѓе кои студирале и работеле во странство и имаат експретиза за ова да се направи и во Македонија. Така да, се помалку и помалку да стануваме зависни од другите. Јас сакам тоа локално произвдоство да го направиме полокално и да биде директно во Македонија. Бидејќи верувам доколку ги побараме  ќе ги најдеме вистинските луѓе за тоа ” – вели д-р Горан Кунгуловски.

Придобивките од вакцинирање се многу поголеми отколку да не се прими истата вели д-р Кунгуловски. Образложувајќи дека безбедноста на вакцината е стотици или илјадици пати повисока во споредба со несаканите дејства и смртни исходи од ковид 19.

„Проблем е големиот број на смртни исходи, пристисокот врз болниците и големиот број на хоспиталзиации. Во однос на безбендоста на вакцините гледаме дека како и секоја вакцина сите зе безбедни, бидејќи нивните придобивки се поголем, на пример во споредба со заразување и добивање на ковид-19“ – кажа д-р Кунгуловски.

На прашањето дали британскиот сој ќе заштити од бразилската мутација и останатите варијанти на ковид со оглед на тоа што е доминантен д-р Kунгуловски вели:

„Тоа е среќа во несреќа. Бидејќи ако имате сој кој циркулира локално и многу брз се пренесува и да влезат некои нови соеви еве како бразилскиот сој, ќе биде многу комплицирано тие да станат доминантни, бидејќи британскиот е веќе доминантен и ќе треба многу побрзо од него да се пренесуваат за да станат доминантни.Сега за сега нема информации дека на пример бразилскиот сој се пренесува побрзо од бритаснкиот.“ – изјави д-р Кунгуловски.

Ефикасноста на вакцините е солидна против новите соеви тврди д-р Кунгуловски. Затоа вели не постои простор за загриженост од реинфкециите бидејќи се многу ретки.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста