Д-р Ѓорчев за Алфа: Новата мутација на Ковид19 е нова закана – вакцината е спасот, Македонија нема ниту една

Додека САД и Европа “војуваат” за вакцина плус – Македонија се уште не знае кога и колку вакцини ќе добие. Здравствените власти и натаму без прецизни одговори за прашањето што ја мачи јавноста: кога ќе ги добиееме првите дози на вакцини? Според последните информации, за овие, но и за вакцините нарачани директно од компанијата „Фајзер“ се чека документација без која не може да се направи интервентен увоз. Единствено познато е што до крајот на оваа недела министерот Филипче и претставници од Ковакс системот ќе се обидат да договорат конкретни инфомрации за првата испорака на вакцини.

Со оглед на глобалната побарувачка на вакцини против КОВИД-19, сите земји се соочуваат со недоволни количини на вакцини наменети за вакцинација на целата популација. Првите дози вакцини со производителот Фајзер е договорено во нашата земја да стигнат во месец фаевруари.Претставници на Ковакс механизмот и министерот Венко Филипче ќе имаат состанок на крајот од неделата, кога очекуваме да добиеме конкретни информации за времето на испорачување на првите дози вакцини.–  велат од Министерството за здравство.

Доцнењето на вакцините Македонија ќе ја чини многу изгубени човечки животи предупредува д-р Анѓелко Ѓорчев.

Може ли Македонија да се заштити од новата мутација на Ковид-19? Според доктор Ѓорчев новиот сој на коронавирус е нова закана за светот –  единствено вакцината  е спасот, а загрижува тоа што во земјава нема ниту една.

Додека земјава ги чека првите  вакцини, во Србија досега се имунизирани 218 000 граѓани. Како што пренесуваат српските медиуми, денеска пристигнале уште 11.700 дози на „Фајзер“. А во следните две недели се очекува да пристигнат меѓу 10.000 и 20.000 од оваа вакцина.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста