Д-р Гочевска за вратените патници од Грција: 20 се во изолација од кои четворица се позитивни

Четворица македонски туристи се вратиле од Грција со ковид 19. 20 лица кои се возеле во истиот автобус се во изолација поради контакти со позитивните, ова се последните бројки од Центарот за јавно здравје – Скопје. Епидемиолошките анкети покажуваат дека лицата кои се позитивни и во изолација се помеѓу 17 и 18 годишна возраст.Тие биле на одмор во познатиот туристички центар Калитеа. Сите потврдени случаи се со стабилна клиничка слика.

Од туристичката агенција велат дека протоколите се почитувале и капацитетот на автобусот бил исполнет само 50 проценти.

Епидемиолозите во меѓувреме апелираат на што помасовна вакцинација, за да се избегне лошо ковид сценарио на есен.

Инаку, бројот на заразени во Македонија нагло расте, во последните 24 часа се регистрирани  36 новозаразени, починати нема. Скопје и Тетово и натаму се со најголем број на активни  случаи. Но, порастот на заразени не ги загрижува здравствените власти, и засега не размислуваат за нови рестрикции.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста