ЦРНОГОРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ДЕНЕСКА ИЗБИРА НОВА ВЛАДА

Во Подгорица денеска ќе се одржи парламентарна седница, на која на дневен ред е изборот на 42-та црногорска влада, предложена од мандатарот Здравко Кривокапиќ. Тој достави експозе до парламентот во кое, на 51 страница, наведе дека приоритети на идната влада се борбата против корупцијата и криминалот, правдата и еднаквоста, добрососедските односи, обезбедување фер услови на избори, намалување на јавната потрошувачка, создавање јавна доверба и целосна транспарентност во работата на државната администрација.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста