Црн рекорд во САД годинава по бројот на масовни убиства
Весникот „Вашингтон пост“ вчера наведе дека само годинава во САД имало 38 престрелки во кои биле убиени по најмалку четири лица, што е најголем број масовни убиства во последните години.
Претходниот рекорд беше поставен минатата година кога се случија 36 масовни убиства.
Од почетокот на годината до 4 декември во масовни престрелки во САД загинаа 197 лица, не сметајќи ги напаѓачите, а 91 лице беа ранети.