НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ценовни удари врз превозниците: Охридски „Галеб“ за прв пат ги укинува редовните линии кон Западна Европа

Поскапуваат цените на автобуските карти за 20 % проценти. Превозот на патници во државава има катаклизмични проблеми и моравме да се одлучиме на тој непопуларен чекор –велат превозниците кои оваа дејност ја обавуваат со децении.Скокот на црната на горивото не принуди да ги корегираме цените и на меѓугратскиот и на меѓународниот сообраќај-дадаваат тие.

Пред неколку дена имавме една козметичка мерка за нас превозниците, бидејќи намалувањето на цената беше 1,5 денар беше намалувањето на акцизата на 8 ден., беше намалувањето на ДДВ-то.А ние ДДВ-то секако го враќаме како правни лица, така да ние имаме реални намалувања од само 1,5 денар.Иначе последните 5-6 дена, цената на светските берзи е во драстичен пад, денеска е веќе под 100 долари барел,а ние немаме никава корекција на цената и тоа е многу неозбилно – вели Димитар Василески-А.Д. “Галеб”Охрид.

До сега цената секогаш се одредуваше според светските берзи и односот на доларот спрема еврото.Прв пат дојдовме во ситуација да не се спомнуваат берзанските цени, туку вчера надлежните само кусо да искоментираат дека нема простор за корекција на цената,иако за околу 25 % истата е во 6 дневен огоромен пад на светските берзи,вели Василески. Свесен сум дека ќе има намелен интерес за парање, но возењето по старите цени беше потполно неиспливи.

Граѓаните велат дека патувањето станува лукуз и дека ќе ги врати автостоперите на патишата.

Василески после 75 години работа, за прв пат го укунува линиите кој Западна Европа, а го редуцира и линискиот превоз дома, после 65 години “Галеб” не сообраќа кон Свети Наум.Ние можеме и до небо да ги кренеме цените, но ќе нема кој да се вози, зато се ослучивме да ги укинеме линиите,друг излез нема. Многу комапнии се во искучително лоша состојба,а имаат долгорочни договори за превоз на  војската со цени кои се неадекватни и се во секојднева загуба,неивесно е колки ќе можат да издржат.Апелираме државата да го свати поблемот сериозно, вели Василески.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста