Цените одат нагоре – зголемена побарувачка на станови во Oхрид

Пандемијата, затворањето на границите, ограничувачките мерки за слободно движење на луѓето на глобално ниво, од една страна и недовербата во банкарскиот систем од друга страна, придонесоа македонците ,парите да ги инсистираат во недвижен имот купувајќи станови во Охрид.

Иако цените на становите се изгор скапи и се движат од 750 евра по метар квадратен на периферијата од градот, 1700 евра во централното градско подрачје достигнувајќи фантастични 2.800 евра по метар квадратен за стан во комплексот Горица-слободни станови на продажба во Охрид, буквално нема. За илустрација однапред се купени становите од зградите кои допрва треба да се градат на 12 локации.

Зголемената побарувачка, намалената понуда го нарави своето, дефицитот на станови е неверојатен и тоа оди во прилог на инвеститорите- велат од агенциите за недвижности, Охрид велат, се сочува со прекумерна урбанизација.

Изјава Никола Иванчиќ- Агенција за посредување со недвижности: Проблемот е дали ние едноставно сме спремни за УНЕСКО и дали сме ние спремни овој божји бисер да го сочуваме за идните генерации како што некогаш го зачувале во таква форма во каква што била, затоа што не само што ќе го изгубиме приматот град на УНЕСКО, туку ќе почнеме и да се задушуваме.

За задоволување на лични интереси на поединци и инвеститори кои со години шуруваат со моќни фигури во држава, ние не можеме да го затвориме градот. Треба да се гради но тоа да биде според препораките на УНЕСКО ,посебно во заштитеното подрачје-додаваат добро упатените.

Изјава Никола Иванчиќ- Агенција за посредување со недвижности: Битно е дека треба да се престане, треба да се воведе контрола на тоа, а и да се дава на инвеститори кои што ќе градат сериозно и за цените кои се пласираат во Охрид треба да биде квалитетна градба.

Време е инвеститорите да се спуштат на земја и да го намалат профитот, нивната лакомост скапо ќе го чини градот на УНЕСКО кој во моментов има најскапи станови, вели нашиот соговорник кој очекува цените на становите уште повеќе да растат.

Новинар Росица Голабоска

Снимател, Монтажа Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста