Цените на становите зголемени за 4%, нема најава за поевтинување и покрај над 5.000 непродадени нови станови

За 4% пораснале цените на становите на годишно ниво, покажуваат податоците на Народната банка, а бројот на одобренија за нови згради пораснал за 35%. На територијата на дел од општините кои беа под мораториум за градба – се враќа машинеријата, и полека почнува да заживува секторот кој беше еден од најпогодените.

Во првите три месеци годинава, најскапо се продавале становите во скопски Центар, со просечна цена од над 1.500 евра за квадрат, а најевтини биле становите во Штип, кои што во просек се купувале по над 600 евра за квадрат.

Во скопски Карпош цената за квадрат се движи од 1.200 евра па нагоре, слично е и во населбата Аеродорм. Нешто поевтини се становите во Влае и Ѓорче Петров, со цена од речиси 900 евра за квадрат.

Дека нема да има поевтинување на становите, потврдуваат и градежници за Алфа. И покрај големата понуда, градежниците не очекуваат да падне цената за метар квадратен. Велат дека градежните материјали и работната рака постојано поскапуваат, иако сега се ставени во мирување. За две години трошоците по тие основи им пораснале за 5% до 10%.

Според Агенцијата за катастар само во првото полугодие од годинава направени се 10.107 трансакции со недвижности, вредни 378 милиони евра. Во споредба со лани истиот период забележан е голем пораст и на бројот на купопродажби и на нивната вредност.

Вредност на купопродажби јануари – јуни 2021

Продажби: 283.000,000 евра

Лицитации: 1.200,000 евра

Инвеститор: 90.000,000 евра

Според Агенцијата за катастар по првиот квартал годинава над 5.340 новоизградени станови се непродадени, а во изградба се уште 11.300.

Најбарани на пазарот се гарсониерите и становите до 50 квадрати.

Само во првите шест месеци од годинава преку Катастарот се регистрирани 15.453 трансакции од кои 11.263 продажби на недвижности, а останатите се однесуваат на закупи. 50 милиони евра во станови.

Поради пандемијата, граѓаните се воздржуваат од купување, а во меѓувреме цените на металите и на нафтата се зголемени што влијаело врз пораст на трошоците, а со тоа и врз раст на крајната цена на становите.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста