Цени вивнати до „плафон“, граѓаните не можат да закрпат крај со крај, живечката поскапа за 5% во однос на лани

Живечката станува „изгор“ скапа, цените се повисоки, а граѓаните се посиромашни. Спиралата на поскапување вртоглаво расте и зема се поголем замав, како да е ставена на брза лента. Последно во низата поскапување се цените на мало на сите производи кои пораснале за дури 5% во однос на истиот период лани, измери државната статистика.

  • Пораст на трошоците на животот во август 2021 година, во споредба со претходниот месец. Забележан е раст кај свежиот и смрзнатиот зеленчук, за 15,8%, сирењето за 1,1, месото за 0,9%, лебот за 0,7%, млекото за 0,6%, а шеќерот, џемот, медот, чоколадата за 0,3%, велат од Државната статистика.

Граѓаните буквално вријат по новиот бран поскапувања. Велат и онака истенченото ќесе, ќе стенело уште потенко, па не знаат како ќе го истуркаат месецот.

  • Ова веќе е неиздржливо. Скоро се е поскапено за повеќе од 20%, па може и повеќе. Тоа сега е деновиве откако се отиде на горе, а платите и пензиите никако да мрднат, посебно во ова време-невреме. Абе ова е катастрофа, ако вака продолжи кој знае како ќе биде, иде се полошо и полошо, не знам што ќе се прави, се пожалија граѓаните пред нашата камера, кои во очај бараат некој секориозно нешто да направи.

Претходно, поскапе месото за цели 40%, кое само долеа масло на огнот врз и онака тешката живеачка. Веќе поскапе зејтинот од 80 на 110 денари, зеленчукот, односно пиперките од 90 на 200 денари, лимоните над 120 денари итн. Ова за граѓаните значи нов силен удар врз домашното ќесе кое, кое според нив, одамна пресушило.

Колку за илустрација, во цела Европа во пандемија се намали личната потрошувачка, само во Македонија се зголеми, што наместо да им се помогне, сериозно им нансесе дополнителни главоболки на граѓаните, кои сами по себе не знаат како ќе го иструркаат овој катастрофален период. 

Во некои европски земји платите го следат растот на инфлацијата за да се спречи осиромашувањето на граѓаните, што кај нас тоа е само мислена именка.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста