Целта на Ѓоковиќ е да ги надмине рекордите на Федерер

Новак Ѓоковиќ отворено пред медиумите зборуваше за неговата главна цел, која сака да ја реализира до крајот на кариерата. Најдобриот тенисер на денешницата е веќе 286 недели на врвот на АТП, и се поблиску е до рекордот на Роџер Федерер од 310 седмици минати на првото место. Србинот сака да го надмине овој рекорд на Швајцарецот, но и да го урне бројот на најмногу освоени Грен слем титули, сега има 17, два помалку од Надал и три од Федерер.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста