Царовска вети јавна расправа за новиот концепт, академците лингвисти против елиминацијата на „Историјата“

По бурата реакции за новата концепција за основно образование, власта сега ја смирува јавноста, предложените реформи ќе оделе на јавна расправа и сите ќе можеле да си го кажат мислењето. Историчарите да не се грижеле и тие ќе биле вклучени за креирање на наставната програма, вели Царовска. Таа сепак не одговори прецизно кои делови од сегашните учебници ќе бидат исфрлени, иако состојбата во Македонија е чувствителна токму околу барањата на Бугарија за ревизија на историјата.

Нема потреба од грижа на ниту една од научните дисциплини, сите ќе бидат вклучени во создавањето на следните документи кои значат затварање на процес на подготовка за нов систем за основно образование-рече Мила Царовска – министер за образование.

Дел од историчарите го кренаа својот глас, сметаат дека предметот историја мора да биде самостоен, а не во склоп на други предмети. Велат во ваков момент за Македонија, ваквиот чекор на власта е непромислен или пак под превезот на реформи во образование се задоволуваат барањата на Софија.

Поддршка на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје, даваат и академиците лингвисти од МАНУ, велат познавањето на историското минато е услов за спознавање на современата стварност и за одредување на стратегиите на развој на секоја нација и држава.

Свесни за чувствителноста на тајмингот во кој што се носи концепт, кој би можел да го деградира местото на предметот историја и на самата историска наука и да ја доведе во прашање автономноста на историската наука и на образовниот процес- велат Академици лингвисти.

Сепак министерството е одлучно, реформи ќе има, интегрирање на предмети исто така. Новиот концепт треба да започне со реализација од септември. И тоа со учениците од прво и од шесто одделение. Сукцесивно ќе се продолжува во останатите одделенија и би требало во период од 5 години целосно да се промени образовниот систем, вели Царовска.

Меѓу новините кои се воведуваат е задолжителен престој на учениците во училиште и тоа 5 саати од прво до петто одделение и 6 саати од шесто до деветто одделение. Како и нови избори предмети.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста