Царовска наместо одговори, врши селекција на Медиуми

Селекција на медиуми, напад наместо одговор – министерката за образование Царовска сака да знае од кој медиум е поставено прашањето за да даде соодветен одговор за теми од јавен интерес. Алфа се интерсираше дали ќе се спојат предметите музичко и ликовно, како што и гласеше концепцијата  во декември минатата година – таа вели, информациите не биле точни. Иако и самата таа присуствуваше на јавна расправа со ликовни и музички педагози кои и претставија низа аргументи зошто не треба. Но наставниците очигледно успеале да ја убедат Царовска, па според новите наставни програми, музичко и ликовно образование сепак ќе бидат самостојни предмети. Сепак дел од нив  не се убедени дека Царовска ќе го исполни ветеното. Стравуваат дека ова е уште еден обид привремено да се смират страстите: 

Никако не може ликовно и музичко да се спојат. Нема ни план како тоа би се спроведувало. За музичко образование има еден факултет, за ликовно има друг – и тоа се два различни предмети. Немам што друго да кажам, дека министерката постојано ги менува ставовите и треба да чекаме до први септември да видиме што точно ќе се случи – вели Фисник Ристеми – професор по музичко образование.

Во меѓувреме, наставници кои се против дигитализацијата се мобилизираат. Законот за учебници прво беше повлечен од Собрание, па сега повторно ќе се најде на јавна дебата – цела јавност се сомнева дека ова било само трик да не се оди на Референдум како што преку протести бараа родителите. Министерката пак никако не се откажува од оваа идеја.

Дигитализацијата е нужна и не станува прашање дали нашата држава сака или не – вели Царовска.

И покрај критиките од стручната фела, во тек се обуки и подготовки за наставниците кои од септември ќе ја спроведуваат новата концепција за основно образование. Додека родителите до последен момент се надеваат дека ќе сменат нешто, МОН ја спроведува својата агенда а не ги плашат најавите за бојкот на наставата.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста