Царинската управа спречи меѓународен канал на нелегална трговија со анаболични стероиди

Царинската управа спречи меѓународен канал на нелегална трговија со анаболични стероиди

Триесет и две кутии со 192 килограми анабoлични стероиди вредни 5,5 милиони денари беа запленети од македонската царина. Македонија спречи и уништи нелегален канал на трговија со опасни стероиди кои се крајно штетни по здравјето на луѓето.

Станува збор за опасните супстанци  Оxanaboilic и Metanabol и Testec, Testen и Sustamix кои ги користат младите спортисти. Тие ги користат за допинг со што и им овозможуватт поголема издржливост и поголема мускулна сила.

До сторителите е поднесена кривична пријава рече првиот цариник Бобан Николовски.

„Со оваа заплена Македонија во моментов е во топ тројката на земји на светско ниво на листата на Светската антидопинг агенција за заплени на забранети супстанци“, рече Бобан Николовски директорот на Царинската управа.

До Основното Јавно Обвинителство поднесена е кривична пријава против лице со потекло од Индија. Во случајов станува збор за производител, со дебело криминогено минато, кој сакал со лет од Сингапур до Истанбул, а потоа од Истанбул до Скопје да ги дистрибуира стероидите, а како крајна дестинација е наведена Чешка, каде ваквите производи се исто така строго забранети.

Истрагата која е поведена од страна на Царинската управа врз основа на наше сомнение, утврди дека податоците за чешката компанија се лажни, односно дека истата нема извршено нарачка на ваков вид на производи“, рече Бобан Николовски директорот на Царинската управа.

Министерот за спорт Борко Ристовски, рече државата ќе стои цврсто против употребата на забранети материи за постигнување добри резултати.

Ние како Министерство за спорт ќе стоиме цврсто на патот на допингот, ќе стоиме цврсто на патот на малверзации и користење на недозволиви супстанци, за подобрување на резултати во спортот. Сакаме како Министерство да промовираме чист спорт во секој сегмент на значењето на зборот, затоа што ова е само еден мал сегмент. Мораме спортот да си го исчистиме најпрво од вакви нелегални и недозволиви супстанци“, рече министерот за спорт Борко Ристовски

Николовски алармираше дека легалните аеродроми во моментов се таргет за криминалците, а нивната цел е допинг супстанците и нивните производи стигнат до разни пазари.

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста