Цар Самоил е симнат од дневен ред – ќе го славиме заедно со Бугарија

Прашањето за Цар Самоил е завршена работа – претседателот на бугарската комисија за историја Ангел Димитров потврди дека заедно со македонските историчари се договориле за заедничко чествување на ликот и делото на цар Самоил.

Дел од бугарските историчари потврдуваат и дека на преговарачката маса е и прашањето за македонскиот револуционер Гоце Делчев, но сепак не откриваат во која фаза се преговорите.

Бугарскиот премиер Петков не го крие задоволството од постигнатиот договор во Комисијата кој очигледно оди на штета на Македонија, па вели дека напредокот бил огромен.

„Историската комисија е единствена таа која може да даде на двете Влади извештај за тоа за кои личности од историјата е постигнат договор или кои од историските факти може да се заеднички. Јас очекувам во брзо време да излезе комисијата и да каже. Колку што сум информиран напредокот го огромен, но не ги знам последните информации за тоа за што се согласиле. Се радувам оти од двете страни има дух за заедничка работа и така се постигаат успеси“, рече Петков.

Со ваквите признанија се потврдуваат информациите за кои алармираа извори од самата Комисија за Алфа дека се подготвува национално предавство, односно со постигнување на договор за Цар Самоил целосно ќе се погазат македонските црвени линии, а решението ќе се движи во рамките на двете разменети препораки. А тоа ќе значи профаќање на бугарските тези и маргинализирање на македонската наука – поинаку кршење на црвените линии.

Македонските власти се уште молчат за тоа која е причината за оптимизмот на бугарската страна, но и на какви отстапки сме се согласиле за да се удоволат бугарските барања.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста