Црвените линии од кампањата се бришат со наближувањето на официјалните преговори за Влада

Едно во изборна кампања, друго сега. Цврстите ставови на СДСМ и партиите од албанскиот блок омекнуваат во битката за седнување во владина фотеља.

Изјави за кој колку ракии пие, кој бил сезонски албанец, на кого му било време за опозиција оти долгото владеење ги претворило во богови,  па дури и дека ДУИ на пазарот на гласови не вреди ни 5 банки, по се изгледа овие изјави Заев, Ахмети и Села ги заборавија веднаш штом станува збор за владина функција.

Заев ќе испие 2-3 чаши ракија пред митинг, па после се кае што рекол. Друго зборува по митинзи, друго мене ми кажува на состанок”,  велеше Ахмети во кампањата.

Зоран Заев:  Пет банки не вредат. Не вредат на пазарот на гласови. Со избори и они ќе се валоризираат, оваа изјава беше обајвена во една од аудио материјалите кои беа објавени како бомби на Јутујуб.

ДУИ мора да замине во опозоција, викаше Села пред неполн месец.

СДСМ го напаѓаше ДУИ, Али Ахмети , Заев. За Гаши и Села беше важно ДУИ да е во опозиција, а сега за нивно учество во влада со интегративиците велат – се е можно.

Ние сме кажале дека не исклучуваме никого, но исто така сме кажале и дека со ДУИ во Влада ќе биде многу тешко, можеби и неизводливо. Сепак ќе оставиме политичките лидери во договорите…какви се бројките какви се можностите, има многу варијанти, кој ќе биде исходот ќе видиме, ќе почекаме, изјави Шефик Дураку oд коалицијата АА и Алтернатива

И дел од аланитичарите велат дека веќе се бришат црвените линии кои партиите ги поставувале за време на изборната трка, но како што минува времето и се наближува рокот за официјален почеток на преговори за состав на влада, политичките актери почна да прават калулации и да ловат пратеници.

По однесувањето на политичките партии се гледа дека сите сега се во лов на мнозинство и сите се свесни дека предизборната реторика треба да се тргне на страна зошто е дојдено времето на договарање. Имаме омекнување на сите страни, јасно е дека поголемите политички партии се сега во лов на мнозинство што пошироко толку подобро за нив. Нормални дека и ДУИ и Алијанса ги омекнуваат ставовите оти реално можностите се дека ќе треба да седнат и да договараат ново мнозиснтво, вели за Алфа, аналитичарот Албер Муслиу.

За ловот на пратеници, шпекулациите за купување на народни избраници се погласни, особено дека 5 пратеници од ДУИ ќе одат кај СДСМ. Левица алармираше дека сумите се движеле и до 500 000 евра.

 

Мери Ѓорѓиевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста