Црни денови за угоститителите во Охрид

Коронавирусот стави клуч на врата на многу угостителски објекти во туристички Охрид.Се затворија неколку култни кафетерии и локали во градот, а некои од сопствениците чии угостителски објекти беа белег на Охрид,по тримесечното неработење одлучија воопшто да не ги отворат локалите.

  • Долго време се чекаше на протоколите за угостителските објекти.Второ, ги направија еднакви протоколите за ресторани и за кафичи што не е во ред, затоа што тоа се два вида на услуги кои не можат да се стават во ист сооднос.Освен тоа, немав доверба дека ќе останат онакви какви што се. Сета таа работа за месец и пол доведе до една ситација да ние едноставно не знаевме како треба да го оранизираме работењето- вели Димитар Зарчев-еснаф на угостители.

Бидејќи постојани се менуваа протоколите, ние цело време само ги местевме и расместуваме масите и столиците,раце ни паднаа од кревање и чистење со дизинфекциони сретства.Едноставно настана таква збрка,што доведе и до извитоперување на протоколите,па дури и воведување на многу нелогични мерки,чие спроведување чини многу пари-велат угостителите.

И во една ваква ситуација, кога поголем дел од градовите во земјава ги намалија општинските такси и други давачки на угостителите,општина Охрид им испрати решенија-до крај на месецов да платат фирмарина.

  • Во една ваква состојба каква што е, општината не е орган кој што е ван стопанството, треба да види кои гранки во стопанството се погодени специфично па нив да му олесни нешто и да му смали некаква давачки.Дали ќе се вика ДДВ кое што треба да се смали, дали овие такси кои што се по данок на такси да ги корегира, па и да ги укине дури. Како му помагаме ние на стопанството, на кој начин,поготово на овој сектор кој е засегнат очигледно, поготво Охрид ?- вели Димитар Зарчев-еснаф на угостители.

Од овие причини голем дел од локалите одлучија дека е подобро да не работат.Доколку кронакризата продолжи и во наредните месеци, Охрид ќе стане град на духови.

  • Јасно е дека заради кризата и околностите голем дел од објектите се со право и оправдано уплашени за своето егзистирање и работење бидејќи единственот влез во таквите објекти е преку посетители, преку туристи.Ако ги нема, јасно е дека објектот ќе затвори за жал и вработените ќе останат без работа – вели Михаил Мишев-еснаф на угостители.

Згора на се, угостителите дерам немаат и од инспекциските служби.Заради одредени прекршители,сите се подложени на засилени контроли.Инспекторите треба да знаат каде,како и со што си имаат работа и таму да постапуваат,а не да лутаат од локал во локал.Онаму каде што има недоследно работење се гледа авион-велат угостителите.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста