Црквите отворени, верниците претпазливи

Црквите празни за велигденските празници. Тие денеска ги отворија вратите за верниците, но само малкумина дојдоа да се причестат.

Пред Соборниот храм мала група верници чека ред за влез.

Слична слика и пред црквата света петка.

Иконите и подот се дезинфицираат по излегувањето на секој верник, а во внатре се пуштаа само по петмина . Се влегуваше од една врата, а се излегуваше од друга, каде полицијата воспоставуваше ред.

Оние граѓани кои ги сретнавме во црквите велат дека дошле да се помолат за здравје и дека ги почитуваат препораките за заштита од корона вирусот.

Од друга страна, не само препораките, туку и полицискиот час ги спречува верниците да отидат во црква.

МПЦ  вчера повика ноќта на Христовото Воскресение верниците да излезат на балконите и да запалат свеќа.

Поради пандемијата со Ковид -19, верниците оваа година Велигден ќе го прослават во своите домови, а светите литургии ќе можат да ги гледаат на телевизиите.

И земјите во соседството се справуваат со исти и слични проблеми пред Велигденските празници. Бугарскиот Национален оперативен штаб одлучи да го забрани влегувањето и излегувањето од Софија почнувајќи од утрово на 17-ти април се до следната наредба.

Србија исто така воведе повеќедневни рестриктивни мерки за време на Велигденските празници. И таму полициски час од денеска од 17 часот и ќе трае до вторник во 5 часот. Еднонеделната дебата околу желбата на верниците да ги посетуваат црковните храмови за време на празничните денови, заврши со повик од Српската православна Црква : верниците да останат дома!

И грчките цркви празни. Литургиите се одржуваат зад затворени врати без мегафони и без биење на камбаните.

Дејан Трендов

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста