Чулев: Спасовски со политички и партиски одлуки делел решенија во МВР

Партиски и политички одлуки биле предуслов експресно за само една седмица, министерот Оливер Спасовски пред да го напушти министерството за внатрешни работи, да доделил 1198 решенија на вработени во МВР, рече денеска на прес-конференција техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

-Од почетокот на месец декември до 25 во месецот, тоа е последната недела од месецот кога Оливер Спасовски беше министер за внатрешни работи донесени се вкупно 1050 решенија. Додека во поседната седмица, за 7 работни дена, донесени се и изработени 1198 решенија: решенија се давани дури и во касните ноќни часови, на полноќ на 3 јануари. Во споредба со истиот период во 2018 година, во текот на месец декември се донесени само 194 решенија – изјави министерот Наќе Чулев.

За решенијата, Чулев формирал Комисија што ја разгледувала состојбата во периодот од 1 декември лани заклучно со 3 јануари годинава и прегледала 1.750 решенија, а досега утврдила неправилности кај над 100. Секоја одлука по жалбите или приговорите на вработените е поединечен случај, вели Чулев, а за секој вработен посебно ќе се одлучува каде ќе биде на работа.

Дополнително биле утврдени и незаконитости по изрекувањето на наредбите. Наместо наредба од 30 дена како што налага законот, наредбите траеле и по година дена, а на позицијата на местата на оние кои со наредби биле распоредени, се назначувани нови лица, па така на една работна позиција имало двајца вработени во МВР. За овие случаи дузина одлуки во полза на вработените на МВР имал и народниот правобранител. 4 милиони евра минатата година се одлеале од касата на МВР како резултат на судски постапки кои вработени ги воделе против Министерството, најчесто поради неплатени прекувремени работни часови, бонуси или незаконски прераспоредувања на работни места.

Чулев истакна дека 130 лица од претходната УБК, кои не преминале во АНБ, до декември земале плата од Министерството иако Контраразузнавање не постои во правниот систем. Како што истакна министерот сите овие вработени ги прераспределил во МВР, како би можеле да им бидат исплатени плати.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста