Чулев: Со поништувањето на решенијата прекршен е правниот поредок во државата

Одлуката на Спасовски и Владата да ги поништат решенијата за распоредувања во МВР е грубо кршење на правниот поредок на државата и мешање во независноста на министерството, обвинува Чулев.

Тој во својот Фејсбук статус пишува дека ваквата одлука претставува уште еден директен аттак врз вработените на министерството за внатрешни работи, со оваа одлука била доведена во прашање професионалноста и интегритетот на министерството вели тој.

Чулев на својот профил додава дека Спасовски е избран за претседател на Влада кој треба да овозможи спроведување на парламентарните избори, а не да се меша и да создава хаос и комплетна дисфункционалност во работењето на министерството за внатрешни.

Според техничкиот министер Владата со ова и формално се поставила над правниот поредок, преземајќи надлежности кои законски се регулирани.