НАЈНОВИ ВЕСТИ

Чулев: Со поништувањето на решенијата прекршен е правниот поредок на државата

Владата со одлука може да поништи пропис или акт на МВР, кој не е во согласност со Уставот и законите, но не и конкретно решение за распоредување на работникот. Вака министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ја коментира синоќешната владина одлука со која беа поништени 89 негови решенија за распределби во полицијата. Тој утрово преку телеграма им наредил на органициските структури во МВР да постапуваат согласно решенијата издадени со негов потпис.

„Одлуката на Владате е незаконска. Неприкосновено право на министерот е да одлучува, да донесува решенија, да врши распоредувања, односно министерор е тој што раководи со министерството. Владата не може колективно да укине поединечни правни акти, во случајот решенија“, вели Чулев.

По вчерашната одлука на Владата, денеска од Илинденска бр. 2 останаа должни со одговор зошто се поништија решенијата на министерот?

Оправдување за владината одлука стигна од кабинетот на заменичката во МВР, Славјанка Петровска. Таа вели оти Чулев не смеел да ги поттикнува вработените да сторат повреда на законот и да не ја почитуваат одлуката на Владата, ниту пак смеел тоа да го прави преку телеграма.

Токму прераспределбите во полицијата беа причина за несогласувања помеѓу Чулев и неговиот претходник Оливер Спасовски. Чулев го обвини Спасовски дека пред заминување од функцијата министер донел повеќе од 2 000 решенија за унапредување и распоредување на пониски работни места, а 100-тина од предметите биле спротивни на законите.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста