Чулев: Полицијата обезбедува 310 граѓани во изолација

Полицијата обезбедува 310 граѓани во изолација на територија на цела Македонија. Министерот Чулев информираше дека во Скопје се 173 лица, во Битола 13, Тетово 16 каде има и едно прекршување на мерката како и во Струмица каде се обезбедуваат 12 лица. Во Охрид се изолирани 82 лица, Куманово 6 и Штип осум.

    •  Од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје, затворени се вкупно седум угостителски  објекти, и тоа два од страна на Државната пазарна инспекција и пет од страна на сопствениците, при што е дадена забрана за вршење на дејност и соодветни кривични пријави. Полициските службеници на СВР Куманово извршија контрола на над 40 угостителски објекти при што не е утврдено прекршување засега на територија на СВР Куманово- изјави Наќе Чулев.

МВР регистрира три случаи на непочитување на мерката за самоизолација на лица во Тетово и Струмица, а во моментов четири случаи се проверуваат во Скопје. Во комуникација сме со јавното обвинтителство за процесиурање на овие пријави, изјави министерот.
Чулев рече дека имало 14 обиди за напуштање на кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа без лекарска согласност, за среќа биле спречени од полицајците во реонот. Околу 180 полициски службеници и 65 припадници на Армијата го обезбедуваат кризното подрачје, со цел, спречување влез и излез од него.
Околу 200 лица денеска треба да влезат во земјава, кои по различни основи биле заглавени на различни гранични премини. Граничните полицајци се во постојана комуникација со Министерството за здравство и Министерството за надворешни работи а доколку се забележи нестандардна постапка ќе се пријави.
Чулев апелираше до граѓаните да ја почитуваат препoраката за самоизлолација. Нема пријави дека препораките не ги почитуваат оние кои дошле од Северна Италија и аплеираше да се пријави доколку се забележи непочитување, преку емаил или телефонски.
Телефонски број: 0800-00201
E-mail: [email protected]

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста