Чулев поднесе кpивичнa за екс директорот на РЕК Битола

Денес бев во работна посета на Битола. Во рамки на изјавата за медиумите ја информирав јавноста за постапувањето на Одделот за организиран криминал по пријава која се однесува на претходниот директор на РЕК Битола, а сегашен директор на ЕСМ, а истовремено и висок функционер на СДСМ.

Согласно пријавата доставена до Министерството за внатрешни работи, претходниот директор и потесното раководството на РЕК Битола сториле кривични дела злоупотреба на службената положба и изнуда од правно лице кое на законски начин врз основа на законска постапка за јавна набавка склучило договор за извршување услуги со РЕК Битола.

За конкретниот случај од страна на Одделот за организиран криминал доставено е известување до Основото јавно обвинителство кое треба да даде насоки за целосно расчитување на овој случај. Го повикувам ОЈО да постапи по известувањата доставени од наша страна, а во насока на целосно расчитување и документирање на случајот.

 

https://www.facebook.com/NakjeChulev/videos/507754926584335/

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста