Министерот за внатрешни работи Наке Чулев го обвинува техничкиот премиер Оливер Спасовски дека е одговорен за проблемот со доцнењето за издавањето на личните документи со незаконски  тендери за набавка. Првиот човек на МВР вели дека за овој случај поднел докази до обвинителството.

Министерот Чулев вели Спасовски четири години не презел мерки за набавка на обрасци за лични документи. Анализите во Министерството покажале дека обрасците место со нов договор се обезбедувале по пат на анекси на стариот договор со компанијата „Веридос“, па договорот од 7,2 милиони евра, со анексите се искачил на 12,8 милиони евра во кои влегла и набавка на хардвер без софтвер, вели Чулев кој посочи дека ќе почека Обвинителството да утврди точно кои вработени ја злоупотребиле службената положба.. Иако вредноста била дуплирана, во анексите не бил прецизиран начинот на плаќање, не бил утврден рокот на плаќање, ниту рокот за доставување на обрасците, немало технички спецификации за изгледот на новите документи, за службените и дипломатските пасоши и за техничките спецификации место МВР било оставено да одлучи „Веридос’, а имало авансни исплати.

За овие обвинувања се огласи и Спасовски кој му посочи на Чулев да се фати за работа.

Наспроти Спасовски, дополнителната минситерка во МВР, Славјанка Петровска смета дека некој мора да понесе одговорност за проблемот со кој се соочуваат граѓаните.

Мери Ѓорѓиевска