Чулев ја пријави директорката на Кожно, ама ОЈО засега нема кривично да ја гони

Екс директорката на кожна клиника Нина Цаца Билјановска најверојатно ќе куртули од кривична одговорност. Полицијата поднела пријава до обвинителството, но оттаму за Алфа велат дека досега не биле утврдени елементи на кривично дело, што укажува дека пријавата најверојатно ќе биде отфрлена.

Денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев информираше дека Билјановска кога се вратила од Италија, земја која СЗО ја стави во групата високоризични за ширење на корона вирусот, не останала дома туку одела на работа во Клиниката за кожни болести, а била и на симпозиум во еден скопски ресторан, а со тоа ги прекршила препораките на Владата.

-„На 29 февруари 2020 ексдиректорката влегла во земјата. Против сите оние што не ги почитувале препораките на Владата е поднесен соодветен поднесок до ОЈО по член 205 и 206 од Кривичниот законик“, рече Наќе Чулев министер за внатрешни работи во Техничката Влада

Од обвинителството пак за Алфа велат дека докторката кога влегла во Македонија не биле на сила мерки туку препораки да седи дома. Но Билјановска е медицинско лице, па оттука многу веројатно е да ги следела препораките на Светската здравствена организација, а може и да била информирана дека Италија е жариштето на Корона во Европа. И шефот на докторката, министерот за здравство Венко Филипче уште од минатиот месец кога беше детектиран нултиот пациент во државата секојдневно на пресови апелираше лицата што се враќаат од ризичните подрачја 14 дена да седат дома, во изолација.

За разлика од оваа лекарка, двајца доктори кои се вратија во Македонија од Мадрид и тоа два дена после Билјановска за разлика од неа веднаш беа тестирани и изолорани, а нивните резултати за присуство на вируспт ковид 19 беа негативни. Одлуката на Цаца да не седи дома, стави клуч на врата на цела Кожна клиника, а во изолација беа ставени сите лекари и целиот медицински персонал, кој имал и немал контакт со неа. Лекарската комора не и ја одзема лиценцата на Билјановска, туку јавно ја опомена, а таа беше разрешена од челната позиција на Клиниката. За разлика од пријавата на МВР за докторката, Обвинителството досега прифатило 24 кривични пријави против 29 лица, кои го прекршиле законот во врска со Ковид 19, за истите веднаш се изречени парични казни.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста