Чулев: 297 македонски граѓани од Северна Италија во вторник доаѓаат во Македонија

297 македонски граѓани во вторник треба да пристигнат во Mакедонија од Северна Италија, најпогодениот регион во оваа земја од корона вирусот. Ова за Алфа го потврди министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Овие лица ќе бидат префрлени во карантин каде ќе останат три недели. Освен од Италија ќе пристигнат наши граѓани и од Арапски Емирати. Министерот Чулев апелира да се почитуваат мерките во полицискиот час.

Advertisements

Поврзани вести