Човек од Зрновци со тешка болест е заглавен во Германија, властите глуви на неговите барања

Отишле на роденден во Германија и сега два месеци водат витка за  да се вратат дома. Томе Атанасов од Зрновци на 7-ми март заедно со својата партнерка со нивно возило заминале за Фулда, Германија. Но ден пред да се вратат назад, границите се затвориле, поради што тие  сега се заглавени во туѓа земја.Иако се јавиле во конзуларното преставништво во Бон и оставиле податоци, досега никој не ги контактирал.

Во декември минтата година на Атанасов му е извршено оперативен зафат карцином на дебелото црево. Па поради неговата здравсвена состојба бара државата да му обезбеди документ со кој ќе им овозможи транзит со нивното приватно возило. Најголем проблем во моментот е обезбедувањето на терапијата која ја прима. Вели дека нема уште долго финансиски да издрже..

Од МНР објаснуваат Атанасовски прблемот  да го пријави и во македонската амбасада во Берлин, но и да се јават на телефонските броеви објавени на официјалната страница на министерството. Атанасов објаснува дека има уште неколку наши граѓани кои во Германија пристигнале со сопствени возила и поради затварањето на границите не можат да се вратат дома.

Александра Ристевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста