Чолош: Без владеење на правото и независно судство нема членство во ЕУ

Фер и демократски избори, па одлука за датум за ЕУ, ваква порака денеска од Владата испратија европратениците од парламентарната група Обновена Европа кои се во официјална посета на земјава. Критериумите велат се исполнети, но патот на Македонија кон Унијата во голема мера ќе зависел од реформите што треба да се спроведат на дело.

„Она што ќе се случува во следните недели и месеци ќе биде мошне важно за кредибилитетот на овој процес. Оптимист сум дека пред да измине половина од годината можеме да ги убедиме сите членки да донесат позитивна одлука“, вели лидерот на Обновена Европа, Дачиан Чолош.

Првиот човек на владата признава, кампањата ќе биде валкана, но вели институциите биле подготвени да обезбедат улови за фер изборен процес. Ги повика членките на Унијата да дадат зелено светло за Македонија, за да не се загрозел веќе постигнатиот договор со Грција.

„Покажавме политичка зрелост и институционален капацитет за сериозни реформи дури и во овој предизборен период. Очекуваме иста таква зрелост и од земјите членки на ЕУ за да не се даваат аргументи за зајакнување на националистичката и анти-европска реторика која може да ги стави во ризик Договорот од Преспа и реформските процеси“, вели претседателот на техничката влада, Оливер Спасовски.

Европратениците порачаа, независно од исходот на изборите, на Македонија ќе и треба силно мнозинство во Парламентот за да ги спроведе реформите како услов за пристапување во Европската Унија

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста