Чоколадиран сендвич – кога немате ништо благо дома
Викендов ни е фокусиран на рецепти од леб, па освен солените триаголници, можете да си направите и десерт со тост-лепчињата.
Ова слатко задоволство ќе можат да го издржат само љубителите на чоколадо и многу благи десерти.
Потребни состојки:
- Две дебели парчиња од коцкаст леб
- 100g темно чоколадо
- 50g маршмелоу
- 40g какао
- 2 лажички кафеав шеќер
- 3 јајца
- 80ml млеко
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 100ml крем за готвење
- 2 лажички шеќер во прав
- 30g путер
Начин на подготовка:
- Направете засек од горната страна на парчињата леб и вметнете го чоколадото и парчињата маршмелоу, па оставете го сендвичот во сад.
- Измешајте ги какаото, јајцата, млекото и ванилата, додека смесата не се соедини.
- Истурете ја чоколадната смеса врз сендвичите и оставете така да отстојат 10 минути.
- Измешајте ги кремот за готвење и шеќерот во прав во еден сад.
- На тава ставете да се растопи путерот, па од сите страни пржете ги сендвичите.
- Сендвичот пресечете го на половина и одозгора сервирајте со топка од белата смеса.
КАТЕГОРИИ Храна