Чиста вода со месеци тече по улици поради дефекти, а некои тетовски населби немаат ниту капка

Суви чешми по цели денови. Без капка вода живеат жителите од горниот дел на градот, над тетовското теќе. Зеќир Џеладини е еден од бројните семејства кои во 21 век, вода полнат од шишиња, бунари или кој како се снајде.Ова е вели со години,само се ветува, но,вода ниту за лек. Во време на пандемија, кога хигиената и тоа како е потребна, тие едвај се снаоѓаат.

И додека едни немаат ниту капка, да биде иронијата уште поголема,во горна чаршија, веќе четири месеци чиста вода за пиење се излева на коловозот. Причина е дефект, кој чека да биде поправен. Дуќанџиите се жалат дека пред нивните локали има постојано вода, но и ова велат не е толкав проблем, колку тоа, што чиста вода тече 24 часа.

„Тоа пред нашите локали е проблем, но најмал, проблем е што чиста вода е, плаќаме вода, рестрикции има, а вода чиста ни тече на пат,се бориме со пандемии не знам што, а чистата вода ни оди по пат“

„Ова 4 месеци само тече, чиста вода, не можеме во дуќан да влеземе, ниту муштерии ни влегуваат оти е се со кал“ – велат локалните дуќанџии.

Во комуналното се правдаат дека требало да се смени дел на главната вододна цевка,кој морале да го нарачаат,но без одговор зошто толку се чека.Честите дефекти се резултат на повеќе од половина век старата и дотраена водоводна мрежа.Од локалната власт,пак, засега нема никакви најави за реконструкција на системот.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста