ЧИРО ИМОБИЛЕ СО 4 ГОЛА ПОВЕЌЕ ОД КРИСТИЈАНО РОНАЛДО НА КОЛО ПРЕД КРАЈОТ

Чиро Имобиле постигна погодок за Лацио против Бреша, Јувентус не даде гол кај Каљари, со тоа ни Роналдо, па разликата меѓу водечките на листата стрелци во Калчото е плус четири за италијанскиот пред португалскиот репрезентативец. За Имобиле вчерашниот беше гол број 35 со што се израмни со Роберт Левандовски од Баерн на врвот од листата стрелци во Топ 5 лигите во Европа. Со тоа што членот на Лацио ќе има шанси и да ја надмине оваа бројка зошто има уште еден меч во сезоната. Ако реализира уште еднаш тој го стасува и најдобриот ефект во историјата на Серија А што го фржи Гонзало Игуаин, а беше поставен пред 4 години.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста