Четири новозаразени денеска, сите од Скопје- вкупниот број заразени порасна на 35

Уште 4 нови случаи на корона вирус во Mакедонија, сега вкупната бројка изнесува 35 лица. Четирите лица се од Скопје и биле во контакт со брачниот пар кој престојувал во Бугарија, а вчера им бил дијагностициран  Ковид 19.

Сликата на сите пациенти засега е стабилна. Денеска се тестираат уште 3 лица од кои 1 е од Куманово, а двајца се од Скопје, додека пак 17 лица од Дебар се во процес на скрининг и ќе бидат под надзор. Скрининг на лица кои евентуално би можеле да бидат заболени од Корона ќе се прави во повеќе населени места во Македонија, меѓу кои и делови од Скопје.

Оние 12 лица кои вчера пристигнаа со авион од Брисел се негативни на вирусот, и сите се во домашна изолација. За оние авиони кои ќе пристигнат денеска и тие патници ќе бидат тестирани и согласно резултатите ќе бидат донесени одлуки каде ќе бидат сместени односно дали во домашен индивидуален или групен карантин.

Филипче истакна дека досега се употребени околу 400 теста за проверка од Ковид 19, моментално министерството за здравство располага со уште 1500,но во наредните денови ќе пристигнат уште неколку илјади.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста