Четири нови случаи со коронавирус – кризна состојба во Дебар и Центар Жупа

Четири нови случаи – позитивни на корона вирус во Дебар. Новозаразените имале контакт со брачната двојка од Дебар.Ова ја “освести” власта да прогласи кризна состoјба во македонскиот “Вухан” – Дебар и Центар Жупа. Вкупно биле тестирани 10 лица што покажале симптоми додека се во изолација и од нив резултатите за шест лица се негативни.Новозаразените се на возраст од околу 55 години.
Изјава Венко Филипче, министер за здравство

“Кризна сосојба значи дека се ограничува движење, влез и излез во овие Општини. Епидемиолозите веќе се во Дебар за да направат подетална анализа, и попладне развиваме план како ќе ги развиваме контактите на кои лица ќе им се прават тестови, како ќе се одвива движењето, што ќе функционира.” – изјави Венко Филипче, министер за здравство

Денес на Скопскиот аеродром пристигнал наш државјанин од Германија, кој е сомнителен случај и ќе се тестира за коронавирус. Изолирани се и патниците кои седеле во негова близина. Во однос на заразените, Филипче посочи дека состојбата на сите заболени е стабилна освен – пациентката од брачниот пар од Дебар кај кои првично беше потврден вирусот. Таа има дополнителни влошувања.

“Специјалистите се надеваат дека со цела дополнителна терапија ќе го надмине овој период, но подготвени се и доколку има дополнително влошување, согласно параметрите и сатуацијата на кислород да биде поставена на машина за дишење” – изјави Венко Филипче, министер за здравство

Во однос на состојбите со недостаток на заштитна опрема во болниците во Велес и Прилеп, Филипче немаше конкретни одговори, рече дополнително ќе објаснел. Вкупно досега има 13 заболени од корона во земјава, од кои првата пациентка утре треба да биде пуштена на домашно лекување. Инаку на денешната прес конференција беше соопштено и дека од сега граѓаните најбараните документи како на пример изводи ќе можат да ги вадат онлајн.

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста