ЧЕТИРИ КАНДИДАТИ ЗА ПОСЛЕДНОТО МЕСТО НА ЗАВРШНИОТ ТУРНИР ВО ЛОНДОН

Уште едно место останува празно за завршниот турнир во Лондон. Засега сигурни се, Ѓоковиќ како лидер на АТП пред Надал и Тим. Федерер нема да настапи поради операција на коленото, па така учество загарантирано има за Циципас, Медведев, Зверев и Рубљев. За последното осмо место во игра се четири кандидати, Шварцман, Беретини, Карењо-Буста и Гофан.Тие имаат најголеми шанси да се најдат во ждрепката пред завршниот турнир во Лондон, кој се игра од 15 до 22 ноември.