Четири големи промени во Формула 1 за следната сезона

Организаторите на Формула 1 веќе ги најавија неколкуте клучни промени во следната сезона. Меѓунив се издвојува новиот изглед на болидите. Екипите ќе можат да користат сосема поинаква аеродинамичка конфигурација, а и гумите ќе бидат различни во однос на оваа сезона. На фановите ќе им фали Финецот Кими Раиконен, кој одлучи да стави крај на кариерата. Валтери Ботас нема да вози за Мерцедес, туку за Алфа Ромео, а Џорџ Расел ќе се збогува со Вилијамс на последната трка во Абу Даби и ќе се пресели во тимот на Тото Волф. Од тековната Ф1 сезона остануваат уште пет трки, во кои Макс Верстапен и Луис Хамилтон водат голема борба за шампионската титула.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста